Економија, финансии, бизнис

Контакт

Температурните разлики причина за најмногу мозочни удари во Истокот

Температурните разлики причина за најмногу мозочни удари во Истокот

Променливото време и дојде на глава на жителите на крајниот Исток.

Тенденцијата на зголемување на мозочните удари е присутна во последните два месеци од кои се спасија многумина.

Само во градот Делчево се регистрирани 500 прегледи, а 42 критични пациенти се транаспортирани со возило до најблиските болнички центри во Штип и во Скопје.

Од Итната медицинска во ова мало градче велат дека е зголемен е бројот на срцеви и мозочни заболувања а во мај оваа здравствена патологија кулминирала кај пациентите.

Дека со времето не им оди најдобро потврдуваат и граѓаните. Покачувањето на температурите, но и нестабилноста сериозно им влијае врз здравјето, но и нередовна консумација на терапијата кај хронични болни и нездравата исхрана си го прават своето.

- Сега доаѓаме од лекар, притисок, срце, глава, ништо не ни е во ред. Чувствуваме премаленост и сето тоа е поради разликата во температурите од ден на ден - велат анкетирани граѓани.

На времето не можеме на влијаеме, а високи температури синоптичарите допрва најавуваат. За продолжениот викенд кој не очекува се најавуваат 40 степени целзиусови.

Оттука, лекарите уште еднаш советуваат како да си го заштитиме здравјето.

„Да се редуцира употребата на масна храна, алкохол и цигари. Хроничните болни се најзагрозени при вакви промени, па затоа задолжително да ја земаат пропишаната терапија од матичните лекари“ советуваат. Ова особено важи за оние што досега се сметале за здрави. Ударите доаѓаат одненадеж и сѐ порано, па затоа сите треба да бидат внимателни.
Слично

Поврзани вести