Економија, финансии, бизнис

Контакт

ТЕМПЕРАТУРА НАД 47 СТЕПЕНИ - ГРЦИЈА „ГОРИ“ - во осум места измерени 45,3 степени

ТЕМПЕРАТУРА НАД 47 СТЕПЕНИ - ГРЦИЈА „ГОРИ“ - во осум места измерени 45,3 степени

Температурата во Гција во солунскиот регион вчера надмина 47 Целзиусови степени, објави метеоролошката станица на Националната опсерваторија во Атина.

Во Грција вчера беа измерени температури од над 40 Целзиусови степени во дури 205 области. Најтопло беше во Лагадас, каде температурата изнесуваше 47,1 степени целзиусови.

Табелата за температура, објавена од Метео Гр, покажува дури осум области, во кои најниската температура е 45,3 степени Целзиусови.

Грција се уште се бори со масовни пожари. Огромен пожар ги зафати предградијата на Атина, а луѓето почнаа да ги напуштаат своите домови.

Пожарникарите во Грција не можеа да го спречат џиновскиот пожар што се приближи до северните предградија на Атина во вторникот, а огнот ги зафати населбите Варибоби и Ахарнес, оставајќи илјадници жители во бегство.

„Оставете ги своите домови веднаш“, ги повика градоначалникот на Ахарнес, Спирос Вретос, жителите преку државната телевизија.

Жителите добија предупредувања и СМС пораки од цивилната одбрана.

Извор: Индекс.хр

Слично

Поврзани вести