Економија, финансии, бизнис

Контакт

Темелковски: Владите на Македонија и Бугарија час поскоро да го потпишат Договорот за добрососедство како храбар чекор на меѓусебна толеранција и уважување

Темелковски: Владите на Македонија и Бугарија час поскоро да го потпишат Договорот за добрососедство како храбар чекор на меѓусебна толеранција и уважување

Владите на Македонија и Бугарија час поскоро да потпишат Договор за пријателство, како храбар чекор на меѓусебна толеранција и уважување порача денеска претседателот на Македонско-бугарската стопанска комора Зоре Темелковски.

На Годишно Собрание на кој беше усвоен нов годишен акциски план со поддршка за приоритетните активности и проектите за заеднички инфрастуктурни поврзувања преку вклучување на заеднички компании во нивната изградба , беше истакнато дека приоритет на бизнис аосцијацијата е Македонија и Бугарија да ги продлабочат добрососедските односи, меѓуграѓанското разбирање, пријателството и братските средини.

Темелковски потсети и на проектот „Чаршијата и пријателите“, во чија организација учествуваа членки на комората - општествено одговорни компании, со што беа иницирани културни-бизнис конекции со Скопската чаршија.

Министерот за економија Беким Незири во своето обраќање рече дека поврзаноста на двете соседни земји, Република Македонија и Република Бугарија, се огледува со политичките цели за добрососедство, континуираното зголемување на обемот на економска соработка, меѓуграничните проекти и поддршката во стратешките проекти за инфраструктурно поврзување меѓу двете земји, како што е поврзувањето со автопат и железничка пруга.

„Вкупната трговска размена меѓу двете земји за минатата година изнесува 710 милиони долари што претставува раст од 2,7 отсто во споредба со годината претходно и дека Бугарија е 9-ти трговски партнер во надворешно-трговската размена.

Министерот во своето обраќање потенцираше дека Владата на Република Македонија активно учествува во активностите на Македонско-Бугарската стопанска комора, дека ги следи напорите за подобрување на условите за зголемена размена меѓу двете земји и за заеднички настап на трети пазари, поздравувајќи ја идејата за Балкански продукт, како заеднички бренд во глобалната трговија, кој ќе значи и поактивно поврзување на бизнис заедниците.

Претседателот на Стопанска комора на Македонија, Азески, потенцираше дека веќе почнаа да се  интензивираат активностите меѓу двете држави во поглед на регионалното поврзување, но и дека мора да се вложат повеќе средства за уште подобро поврзување, бидејќи тоа претставува основа за поголема економска соработка.

„Нашата улога, како комора, продолжува со давање конструктивни идеи и проекти, со насочување на нашата енергија кон нивна реализација и давање на поддршка на евроинтеграциските процеси“, истакна во своето излагање претседателот на Стопанската комора на Северозападна Македонија, Мендерес Кучи.

Покрај споменатите, на собранието се обратија и амбасадорот на Република Бугарија во Република Македонија, Иван Петков, претседателката на Сојузот на стопански комори на Македонија, Данела Арсовска и потпретседателот на Бизнис алијансата на Косово, Суад Бериша.

Слично

Поврзани вести