Економија, финансии, бизнис

Контакт

ТЕМА БЕШЕ И КОСОВО: За што друго разговарале Вучиќ и Лавров?

ТЕМА БЕШЕ И КОСОВО: За што друго разговарале Вучиќ и Лавров?

Српскиот претседател Александар Вучиќ имал долг и срдечен разговор со министерот за надворешни работи на Русија, Сергеј Лавров, објави Србија данас.

Претседателот изјави дека разговарале за билатералните односи, се договориле за натамошно унапредување на економската соработка, учество во заеднички проекти, а истовремено ја анализирале политичката соработка, со желба за понатамошно подобрување на комуникацијата и соработката во различни форуми, организации и институции на меѓународно ниво.

Тој воедно нагласи дека ја разгледале ситуацијата во регионот, пред сè политичката состојба во Босна и Херцеговина(БиХ), кризата која е, како што рече, предизвикана однадвор, со постојани напади врз Република Српска.

„Го информирав министерот Лавров и за внатрешната ситуација, особено во врска со состојбата на Косово и Метохија и обидите за постојан прогон на нашето население од вековните огништа, како и за молкот на најголемиот дел од меѓународната заедница. Се договоривме да продолжиме да работиме на развојот на нашите односи во различни области“, пишува во објавата на претседателот на Србија на Инстаграм.

Србија е една од ретките земји што не воведе санкции за Русија поради руската инвазија на Украина. 

foto Instagram

Слично

Поврзани вести