Tелотo на Крпач предадено на обдукција
Tелото на Коста Крпач (40), кој денеска беше пронајден мртов во неговиот стан во Капиштец, е предадено на обдукција.
Заврши увидот на обвинителството и полицијата на лице место. Се претпоставува дека станува збор за самоубиство, но полицијата засега не потврдува дали се работи за самоубиство или убиство.
Телото на Крпач е најдено со прострелна рана во градниот кош. Полицијата била повикана затоа што од станот на Крпач било пукано во комбе на паркинг.
Крпач кој е сопственик на Нетпрес беше на листата на аболицирани од претседателот, Ѓорѓе Иванов и неговото име се појави во Службен весник.
Слично
