Телото на Дениса утре стигнува во Македонија, Министерството за здравство нареди нова ДНК анализа
Телото за кое ДНК анализите во Грција потврдија дека и припаѓа на младата Дениса Маркоска, која исчезна работејќи на брод во Грција, утре се очекува да пристигне во Македонија.
За префрлање на телото од Родос до Скопје се потребни околу 22 часа. Веднаш по пристигнувањето во земјата телото ќе биде префрлено на Институтот за судска медицина, каде што одново ќе се врши обдукција и ДНК испитување.
Министерството за здравство ги одобри барањата на семејството на Дениса и нареди нова обдукција за да се потврди дали телото навистина и припаѓа на Дениса.
Семејството Маркоски од Прилеп се сомнева во резултатите на грчките власти, уште повеќе затоа што тие го потврдија идентитетот, но не понудија никаков одговор за тоа како починала младата девојка.
Дениса исчезна на 12 септември, додека работеше на бродот „Серенисима“ во водите на Егејското Море. Две недели по неа трагаа грчките власти, но и Интерпол. Потоа беше пронајдено безживотно тело за кое ДНК анализата со 99,9% сигурност потврди дека всушност е младата Македонка.
Слично
