Економија, финансии, бизнис

Контакт

ТЕЛОТО ГО ЗАКОПАЛА ВО ДВОРОТ: Србинка го убила партнерот во Лептокарија

ТЕЛОТО ГО ЗАКОПАЛА ВО ДВОРОТ: Србинка го убила партнерот во Лептокарија

Србинка го убила партнерот во Лептокарија, а телото го закопала во дворот. 

Џијана (34) е уапсена во грчкиот град Лептокарија откако призна дека го уби својот партнер Костас Симитрас.

Како што објавија грчките медиуми, таа призна дека при расправијата го оттурна 58-годишниот маж, по што тој изгубил рамнотежа и паднал на подот. Потоа го удрила по главата, па го однела неговото тело во дворот од куќата каде што го закопала. 

Полициски службеници излегоа на местото на настанот и на длабочина од околу половина метар пронајдоа човечки коски.

Симитрас исчезна во септември кога неговата 34-годишна партнерка, која е во шестиот месец од бременоста и која е мајка на тригодишно дете, го пријави неговото исчезнување во полиција. Таа при изјавата во полиција негираше каква било поврзаност со исчезнувањето.

Меѓутоа, откако неодамна е повикана да даде изјава, таа признала дека го убила сопругот. 

Како што пишуваат грчките медиуми, таа се обидела да се сокрие од камерите и не одговарала на новинарските прашања.

Таткото на 58-годишниот Симитрас изразил сомневање дека во убиството не учествувала самата партнерка на неговиот син, Џијана туку дека имала соучесник.

Слично

Поврзани вести