Економија, финансии, бизнис

Контакт

Тело на исчезната жена е најдено во куфер

Тело на исчезната жена е најдено во куфер

Во Грција тело на исчезната жена е пронајдено во куфер. 

Телото на 38-годишна жена од Кина, која исчезна на 17 октомври, е пронајдено во куфер во селото Вилија, северозападно од Атина. Како што соопшти полицијата, телото на Ки Јун Ли, во напредна фаза на распаѓање, го пронајдоа ловџиите во вторникот вечерта. Жената исчезна во населбата Омонија во Атина, а полицијата успеа да ја идентификува по отпечатоците од прстите. Патологот не можел да ја утврди точната причина за смртта поради состојбата на телото, а истрагата е во тек. Неофицијално девојката била задавена.

Сличен случај неодамна имаше во Британија, каде тело на девојка беше најдено во куфер во хостел. 

Слично

Поврзани вести