Економија, финансии, бизнис

Контакт

Телма: Во скопско БМВ во Урошевац правени планови за Куманово

Телма: Во скопско БМВ во Урошевац правени планови за Куманово

Косовските медиуми не престануваат да објавуваат нови вести поврзани со настаните со судирот во Куманово.

Од една страна нови обвинувања за учество на македонски тајни служби во формирањето и активностите на кумановската група осомничена за тероризам, а од друга страна истата таа група планирала ослободување на озлогласени косовски криминалци од затвор за да заминат во Сирија, пренесува Телма.

Teлма пишува дека преку косовската државна телевизија во емисијата „Паротла“, командант Пантери со вербална офанзива и обвинувања дека македонски тајни агенти се среќавале со водачите на кумановската група осомничена за тероризам. Хамди Ндрецај алиас Пантери не е во сродство со Мирсад Ндрецај загинатиот командант НАТО. Спомнува и имиња на македонски политичари, агенти и функционери кои според него се вклучени во кумановскиот инцидент.

Новинар: Има еден клучен човек, висок претставник на македонската тајна служба кој дошол и се видел со Вас во Урошевац?

Хамди Ндрецај (Пантери): Да, тоа е точно.

Новинар: Кој е тој човек?

Хамди Ндрецај (Пантери): Тоа е Шенаси Мехмети за кого на почеток не знаев дека работи за македонската тајна служба. Но ден по средбата прашав еден човек во Скопје и тој ми рече дека тој е директно пратен од Рафис Алити, пратеник на ДУИ и од шефот на македонската тајна полиција.

Новинар: Во прислушуваните разговори на Мирсад Ндрецај и Бег Ризај се чувствува дека тие знаат дека тој е агент на Сашо Мијалков.

Хамди Ндрецај (Пантери): Да.

Пантери тврди дека се откажал да биде дел од кумановската група поради учеството на тој агент (Шенаси) во разговорите во кои (Шенаси) ветувал планови без крв и без борби да бидат заземени неколку полициски станици во Македонија. Пантери во македонските медиуми последен пат се спомнува лани во ноември како командант на гарда на Илирида, а претходно и како извршител на неколку кривични дела. Шенаси Мехмети е вработен во Агенција за разузнавање, потврдија за Телма безбедносни извори.

Целата сторија на Телма прочитајте ја тука.

Слично

Поврзани вести