Телма: Судот ги отфрли доказите за прислушувањето како неосновани
Основниот суд Скопје еден ги отфрли како неосновани сите докази во предметот прислушување против Никола Груевски, Гордана Јанкуловска, Сашо Мијалков и други лица затоа што, според судот, доказите биле незаконито прибавени и не можат да бидат предмет на истрага, потврдуваат за Телма извори од судот.
Според истиот извор ваквата одлука судот ја донел по барањето на адвокатот на наведените од предметот од предистражна постапка да биде ставен во истрага, согласно члнот 93 од Законот за кривична постапка и членот 12 од ЗКП.
Основниот суд 1 побарал од ЈО да даде докази во прилог на снимките кој и како го вршел прислушувањето на што Обвинителствотот одговорило негативно.
Рокот за жалба истекува во среда на полноќ.
Доколку Обвинителството се жали предметот ќе го преземе повисокиот суд.
Со ова новоизбраниот специјален обвинител практично би останал без предмети во врска со прислушувањата.
Инаку како што дознаваме вчера во обвинителството за предметот плацеви на Водно биле повикати на разговор Никола Гриевски и Миле Јанакиевски.
