Економија, финансии, бизнис

Контакт

Телевизија Телма: Судот ни се меша во уредувачката политика

Телевизија Телма: Судот ни се меша во уредувачката политика

Телма ја осуди одлуката на апелацискиот суд, со кој на телевизијата и е наложено новинарката Емилија Лазаревска да застане на позицијата уредник на информативната програма. Од телевизијата сметаат дека со ова директно им се нарушува нивната уредувачка политика.

,,Телевизија Телма е шокирана од последната одлука на апелацискиот суд во Скопје со кој се врши директна интервенција во уредувачката политика на на ТВ Телма и се загрозува правото на сопствена уредувачка политика, што е во директна спортивност на законот за медиуми и македонскиот Устав.

Имено, апелацискиот суд ја потврди одлуката на Основниот суд Скопе 2, со кој на Телма и е наложено вработената Емилија Лазаревска да ја прераспореди на позиција одговорен уредник на информативна програма, без никаква законска основа, туку со „правно“ образложение дека таа била добар новинар." - реагираат од Телма.

Телевизијата порача дека нема да толерира притисоци од судски или политички центри на моќ, а за оваа одлука на судот веќе ја известиле меѓународната заедница.

Слично

Поврзани вести