Телевизија ,,Сител” ги зголемила приходите скоро за пет пати
Во последните десет години, телевизија ,,Сител" ги зголемила приходите за речиси пет пати. Само во 2014, телевизијата остварила 43,61% од вкупните приходи на петте телевизии што емитуваат програма преку терестријален мултиплекс на територијата на целата држава (Сител, Канал 5, Алсат-М, Телма, Алфа), или вкупно остварила 8,7 милиони евра.
Ова го покажа, анализата на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги за 2014 година.
После неа, доаѓа ,,Канал 5" чии приходи се зголемиле за четири пати, а телевизија ,,Телма" пак, остварила приход исто како и пред десет години.
Над 90 отсто од вкупните приходи на четирите телевизии биле остварени од рекламирање.
Највисок приход во овој дел повторно остварила ТВ Сител, околу 8,5 милиони евра, што е 44% од вкупните приходи од рекламирање на комерцијалните телевизии.
Најмал дел од рекламниот буџет оствариле телевизија „Телма“ или 1,1 милион евра , односно 6 отсто од вкупните приходи од рекламирање.
