Економија, финансии, бизнис

Контакт

ПРЕЗЕМАЊЕТО НА НОВАТА АКВИЗИЦИЈА ЗАВРШИ: Телеком Србија стана нов сопственик на Тотал ТВ Македонија

ПРЕЗЕМАЊЕТО НА НОВАТА АКВИЗИЦИЈА ЗАВРШИ: Телеком Србија стана нов сопственик на Тотал ТВ Македонија

Телеком Србија преку телекомуникацискиот оператор Мтел стана целосен сопственик на Тотал ТВ во Македонија, согласно претходно потпишаните договори, со кои сателитската ТВ услуга EON SAT е продадена од страна на United Group.

До изминатите денови, односно до завршувањето на процесот на преземање,  Адриа ДТХ од Амстердам беше доминантен сопственик на Total TV д.о.о.. Претходно, уште изминатата пролет на корисниците на сателитската услуга им беше најавено дека ќе се промени редоследот на каналите и дека ќе се прилагоди на програмската шема на Телеком Србија.

Тогаш беше објавено дека групацијата Телеком Србија успешно го финализираше преземањето на НЕТ ТВ Плус од компанијата United Group, како и на сателитската телевизија Тотал ТВ во Србија и Македонија.

„Групацијата Телеком Србија постигна договор за 100 проценти од акциите во Еон ТВ Интернешенл Лтд (холдинг компанија на Нет ТВ плус), бизнисот „директно до дома“ (DTH) во рамките на ЕонСат и Тотал ТВ во Србија и Северна Македонија, како и за одредени права, лиценци и други средства поврзани со каналите Спорт клуб за Западен Балкан за сума од 652 милиони евра“, беше објавено лани во февруари..

Од компанијата беше додадено дека тие трансакции се усогласени со стратегијата на Телеком Србија да изгради водечка телекомуникациска компанија во Западен Балкан, при што приходите ќе достигнат три милијарди евра до 2030 година.

Претходно, основачот на SBB и косопственик на United Group, Драган Шолак ги продаде SBB Serbia, Sport Club Serbia, Total TV и Net TV. Давателот на телекомуникациски и медиумски услуги „Јунајтед Груп“ (United Group) тогаш одлучи да излезе од пазарите на регионалните земји кои не се членки на Европската унија.

„Телеком Србија“ е во мнозинска сопственост на Република Србија и е една од петте најпрофитабилни компании во таа земја. На крајот од 2024, Мтел успешного го заврши процесот на аквизиција на Lyca Mobile во Македонија, а влезе и во преговори за преземање на Неотел.

„МТЕЛ“, компанија ќерка на „Телеком Србија“, од 2021 година е присутна на македонскиот пазар, 

А.К.

Слично

Поврзани вести