Економија, финансии, бизнис

Контакт

„Телеком“ објави колку ќе му плати на СРЦ „Борис Трајковски“ за брендирањето

„Телеком“ објави колку ќе му плати на СРЦ „Борис Трајковски“ за брендирањето

„Македонски Телеком“ на Спортскиот центар „Борис Трајковски“ ќе му плати 720.000 евра за спортската сала во земјата во следните три години да го носи името „Т Арена“, објавено е како информација на Македонска берза. телеком ќе издвои и дополнителни средства за брендирањето и визуелниот ефект на арената.

„Овој договор е склучен на ден 08.07.2026 година за период од 36 месеци, при што надоместокот за остварена деловна соработка е во вредност до 720.000,00 евра. Македонски Телеком обезбедува и дополнителни средства за брендирање и спроведување на комуникациски активности поврзани со реализацијата на Договорот. Со тоа, вкупната инвестиција на компанијата по основ на Договорот за соработка за брендирање на Спортскиот центар “Борис Трајковски” Скопје, изнесува до 1.450.000,00 евра“, објави „Македонски Телеком“

Ваков вид на партнерство помеѓу водечки компании и значајни спортски објекти е одамна воспоставено во светот.

Спортскиот центар „Борис Трајковски“ со години е домаќин на најголемите спортски натпревари, концерти, саеми, фестивали и бројни културни настани.


Слично

Поврзани вести