Економија, финансии, бизнис

Контакт

Телеком дозволи да се истражува за случајот „прислушување“

Телеком дозволи да се истражува за случајот „прислушување“

Денес беа одржани вонредни состаноци на Одборите на Директори на Македонски Телеком АД-Скопје и на Т-Мобиле Македонија.

На истите беше одобрено спојување во една компанија на овие две , односно склучување на Анекс на Спогодбата за присоединување на Т-Мобиле Македонија АД Скопје кон Македонски Телеком, првично одобрена и склучена на 31 октомври 2013 година, што значи дека сите деловни активности на Т- Мобиле Македонија како Друштво коешто се присоединува престануваат на 30 јуни годинава.

На состанокот зелено светло Одборот на директори даде и за Предлогот со кој се усвојува нов Статут на Друштвото, којшто ќе биде со примена од 1 Јули 2015 година, по усвојување на истиот од страна на Собранието на МКТ.

Претходниот Предлог за нов Статут на Друштвото беше составен дел на првично склучената Спогодба за присоединување на ТММК кон МКТ. Новиот Предлог за усвојување на нов Статут на Друштвото произлегува од одобрувањето на склучување на Анексот на Спогодбата за присоединување на Т-Мобиле Македонија кон Македонски Телеком, во кој се менува датумот на кој ќе престанат деловните активности на TMMK, како резултат на што се менува и датумот од кој ќе се применува новиот Статут. Најавената интерна истрага во Македонски Телеком и Т-Мобиле Македонија исто така наиде на одобрување од Одборот, а беше избран и новиот Претседател на Одборот на директори Панче Кралев чиј мандат стартува  од 21 Април 2015 година.  
Слично

Поврзани вести