Економија, финансии, бизнис

Контакт

Телеком Австрија со целосна сопственост над операторот Вип

Телеком Австрија со целосна сопственост над операторот Вип

Австрискиот телекомуникациски гигант Телеком Австрија стана доминантен сопственик на македонскиот мобилен оператор Вип откако го откупи и преостанатиот удел од Телеком Словенија.

Според информациите на словенечка берза Телеком Австрија платил 120 милиони евра за да го презеде сопственичкиот дел од 45% во заедничката компанија Оне.Вип која се формираше откако се споија двата мобилни оператори Оне и Вип.

Со купувањето на преостанатите 45 отсто од досега заедничката компанија „Оне.ВИП“, австрискиот телеком станува стопроцентен сопственик на операторот.

Компанијата беше формирана на 1 октомври 2015 година, кога беше напоменато дека останува можност Телеком Словенија да се повлече од заедничката зделка.

Доминантен сопственик на Телеком Австрија е Америка Мовил, компанија на Мексиканецот Карлос Слим, еден од најбогатите луѓе на светот.


Слично

Поврзани вести