Економија, финансии, бизнис

Контакт

Телефонски кај народниот правобранител пријавете прекршување на избирачкото право

Телефонски кај народниот правобранител пријавете прекршување на избирачкото право
Во канцеларијата на Народниот правобранител денеска, на денот на одржување на предвремените парламентарни и вториот круг од претседателските избори, од 7 до 19 часот функционира бесплатната телефонска линија 0800-54321, на која граѓаните можат да пријават каква било повреда на избирачкото право. Народниот правобранител соопшти дека се отворени сите седум канцеларии, во Скопје, Битола, Кичево, Куманово, Струмица, Тетово и Штип, со цел да им се помогне во остварувањето и заштитата на нивните избирачки права. Покрај лично во канцелариите и на бесплатната линија, граѓаните можат за заштита на своите права да се јават и на телефонските броеви: Тетово 044/344-082, Струмица 034/329- 996, Кичево 045/228-586, Битола 047/242-310, Штип/032 389-701 и Куманово 031/431-488. „Народниот правобранител, правата на граѓаните ќе ги штити со преземање итни мерки за ефективно постапување од страна на надлежните органи во изборниот процес и другите институции, кои се должни да им обезбедат заштита на нивните загарантирани права. Избирачкото право е уставно загарантирано како еднакво, општо и непосредно и се остварува на слободни избори со тајно гласање и никој не смее да биде повикан на одговорност заради остварување на ова право, поради што не случајно повредата на слободата на определувањето на избирачите како и други повреди на избирачкото право се казниви дела“, соопшти Канцеларијата на Народниот правобранител.
Слично

Поврзани вести