ТЕЛАТА НАЈДЕНИ: Пет мажи и една жена загинаа во авионската несреќа кај Кожле!
Увидните екипи кои се наоѓаат на местото каде вчера во попладневните часови се урна авион ги пронајдоа сите шест тела од починатите патници, соопштија пред малку од Основното јавно обвинителство.
Станува збор за пет мажи и една жена. Телата се подготвени за пренесување во Институтот за судска медицина каде што во наредниот период по налог на Јавен обвинител ќе следи постапка за идентификација.
Да потсетиме ...
Најпознатата жртва од авионската трагедија која вчера се случи на македонско тло е пилотот Франческо Монтањер.
Монтањер беше многу добар пилот и главна личност за аеро клубовите. Во текот на целиот свој мандат се бореше да го задржи вниманието , просторот, страста за летање, но во 2010 година се појави во весниците поради грешка направена на аеродромот во Тревизо. Било напишано „Летот е бесплатен за вас“, на влезот во аероклубот и „Работата е бесплатна“, морничаво алудирајќи на концентрациониот логор Аушвиц. Обвинителот тогаш интервенирал, а ознаките морале да бидат тргнати, пренесоа италијански медиуми.
Подоцна Монтањер беше ослободен од судот во Тревизо од обвинението за поттикнување на расна омраза, за својата иницијатива за одбрана на места и активности во аеро клубот. По овој публицитет, тој тврдеше дека немал намера да ги навреди жртвите на Холокаустот.
Како што соопштивме вчера попладне околу 17,40 часот во близина на село Кожле се урна мал приватен авион со шест патници.
