Телата на загинатите во Куманово пренесени во Косово
Рано утрово од Македонија се пренесени безживотните тела на девет убиени Албанци од Косово во вооружените судири со македонските вооружени сили во Куманово.
Голем број граѓани и претставници на здружението УЧК со знамиња на Албанија го дочекале нивното враќање во Косово.
Директорот надлежен за обдукција Арсим Грџалиј изјавил за медиумите, дека после разговорот со роднините на убиените, поврорно ќе биде направена обдукција на убиените косовски Албанци.
Како што е најавено од здружението на УКЧ погребот на убиените косовски Албанци ќе биде свечено направено. За датумот на погреб уште нема информации бидејќи треба да се направи обдукција.
Слично
