Економија, финансии, бизнис

Контакт

Телата на загинатите терористи во Куманово денес се предаваат на Приштина

Телата на загинатите терористи во Куманово денес се предаваат на Приштина

Надлежните денес ќе ги предадат на Приштина телата на деветмината косовски Албанци кои загина пред две недели во судирите со полицијата во Куманово, меѓу кои и телата на двајцата водачи на таа група, Мирсад Ндрецај „командант НАТО“ и Бег Ризај „командант Бег“.

Телата на деветмината припадници на „кумановската група“ денес ќе им бидат предадени на семејствата во Косово.

Бидејќи е завршена обдукцијата, обвинителството дозволи телата да се префрлат во Пришина. А резултатите на обдукцијата не се објавени.

Според обвинителство, ќе бидат предадени телата на Џафер Зимиери, Бег Ризај, Мирсад Ндрецај, Валон Кабашија, Тургај Гашија, Самид Кастриоти, Хисен Рушити, Фатлум Вишесел и Арбен Реџај.

Косовските медиуми тврдат дека Албанците кои македонската полиција ги зароби во операциите во Куманово, се мачени и малтретирани во притвор.

Полицијата не ги коментира овие наводи.

Слично

Поврзани вести