Економија, финансии, бизнис

Контакт

Текстилците бараат поголема контрола на облеката од увоз

Текстилците бараат поголема контрола на облеката од увоз
Текстилните производи од Македонија ги исполнуваат пропишаните стандарди и во однос на квалитетот и во однос на заштита на луѓето и околината, текстилците бараат поголема контрола на она што влегува од увоз. Инсистираат надлежните институции контролата да ја вршат при увозот, а не кога производите ќе стасаат во продажните места. „Институциите да земаат мотри при увоз и да се изврши испитување во независни лаборатории кои ќе гарантираат за квалитетот“, вели Наташа Сивевска, извршен директор на Текстилниот кластер, која тврди дека кај увозната облека има проблем со присуство на штетни хемикалии особено во производите од Далечниот Исток и Кина.

„Меѓу штетните хемикалии  има такви кои може да предизвикаат алергиски реакции, па и да имаат канцерогени својства - формал дехиди, азобои, детергенти или хемикалии за омекнување и боење, хлор кој се користи за белење“, објаснува Сивевска.

Само пет проценти од текстилот произведен во македонските фабрики завршува на домашниот пазар, остатокот оди за извоз. Македонските текстилни компании се обидуваат да го зголемат учеството на македонскиот пазар, но конкуренцијата на евтин текстил од увоз е голема.

   
Слично

Поврзани вести