Економија, финансии, бизнис

Контакт

Текнохозе почнува со работа

Текнохозе почнува со работа

Италијанската компанија „Текнохосе“ ја пушти во употреба фабриката во Македонија. Фабриката во која планирано е да работат 150 лица е наменета за производство на високо притисни гумени армирани црева, кои имаат примена во градежништвото, автомобилската индустрија и други индустрии.

Производството ќе се пласира на пазарите во земјите од Југоисточна Европа и Русија.

Компанијата „Текнохосе“, во земјава регистрирана како „Витек Македонија“, е членка на италијанската групација Витилло, а во слободната економска зона купи постоечки објект кој комплетно го реновираше.
За наредната година компанијата најави изградба на втор објект во кој ќе се произведуваат хидраулични спојки за армираните црева. Инвестицијата на Текнохозе изнесува 10 милиони евра
Слично

Поврзани вести