Текнохозе ќе гради нова фабрика во Бунарџик
Нова фабрика во економската зона Бунарџик ќе отвори италијанската компанија Витек, дел од групацијата Текнохозе. Компанијата која минатата година отвори една фабрика во Бунарџик, за годинава планира нов капацитет, четири пати поголем од сегашниот и вработување на 150 луѓе, вели за "Економски", Јован Поповиќ менаџер за производство во фабриката.
Според него, градежните работи за новиот објект се веќе во тек, а целта е со него да се зголеми производството на оваа компанија од Бунарџик.
„Околу октомври треба да се пушти во функција новата фабрика, четири пати поголема од овој капацитет. Планираме да вработиме нови 150 луѓе“, нагласи Поповиќ.
На прашањето на „Економски“ зошто токму Македонија е избрана за инвестирање, Поповиќ истакна дека тоа е пред се поради добрите услови за инвестирање во зоните во Македонија и квалитетната работна сила. Фабриката во Бунарџик е прва инвестиција на Текнохозе надвор од Италија.
Слично
