Економија, финансии, бизнис

Контакт

Технологија, земјоделство, недвижности…каде најпаметно да се инвестира во 2013-та?

Технологија, земјоделство, недвижности…каде најпаметно да се инвестира во 2013-та?

Каде е најдобро да се вложат парите во 2013-та? Барајќи одговор на ова прашање Блумберг Маркетс ги најдобрите инвеститори. Еве дел од нивните одговори.

1. Дејвид Херо, менаџер во Харис Асошиетс, раководи со имот вреден девет милијарди долари и тврди дека во 2013-та треба да се инвестира во Јапонија и во акции на технолошките компании.

„Идната година има силен потенцијал и може да биде многу добра за акциите. Треба добро да се погледне Јапонија во која акциите релативно се евтини во споредба со останатите развиени пазари. Исто така, јапонската индустрија се темели на технологијата, која како сектор е многу привлечна за инвестиции. Акциите на технолошките компании оваа година многу бавно растеа, но сепак тие се долготрајно добра инвестиција“.

2. Квинси Крозби, менаџерка во Прудентал Финешл тврди дека вистински избор за 2013 година е земјоделството. Според неа, поради глобалните демографски трендови акциите на земјоделските компании мора многу сериозно да се земат во предвид. Како врора опција, Крозби ги препорачува и енергетиката и рударството, бидејќи тие сектори можат да профитираат поради растот на побарувачката во Кина.

3. Динакар Синг, соосновач на ТГП Аксон Капитал, вели дека идната година треба да се послуша советот на познатиот комичар Еди Марфи!?!

„Пред десет години Марфи ги исмејуваше глумците во хорор филмовите. Тие слушаат гласови на духови кои ги бркаат од домовите, но наместо да ги напуштаат куќите, почнуваат да ги бараат тие гласови, што обично завршува со масакр. Поради тоа на пазарот некогаш подобро е да се послушаат гласовите на духовите, да се напушти пазарот и да се чекаат подобри времиња. Проколнатата куќа можеби е евтина, но нема ни голема вредност“.

4. Крис Леви од „Блек Рок“ е многу поголем оптимист и советува да се вложува во американските акции. Објасни дека американските компании моментално се полни со готовина која во текот на идната година ќе се исплати на акционерите низ дивиденда.

5. Андерас Утерман од „Алианз“ препорачува да се внимава со купувањето должнички вредносни хартии од земји членки на еврозоната. Сепак тој верува дека од ова лето се направени значајни чекори кои водат кон решение на европската должничка криза, а иако деталите од банкарската унија не се познати, според Утерман сите главни ризици во еврозоната се отстранети.

6. Даг Рамсеј, шеф на менаџмент на „Leuthold Weeden Capital“ во делот на европските пазари вели:

„Американскиот пазар на долгот појде надоле и за инвеститорите повеќе не е примамлив. Европскиот пазар на долгот, посебно корпоративниот, дава годишен приход од околу четири отсто, што е двојно повеќе од просечен дивиденден приход во САД. Предноста на европскиот пазар на корпоративниот долг е таа што големите глобални инвеститори се уште не ги зголемиле цените на вредносните хартии до небо“.

Слично

Поврзани вести