Техничките министри на СДСМ поднесоа оставки
Денеска министрите и дополнителните заменици министри од СДСМ поднесoa оставки на функциите во Владата .
Доколку Собранието се распушти, односно доколку се одлучи да се применува Одлуката на Собранието на Р.Македонија, донесена на 23 февруари, со којашто се врши изменување на Одлуката за распуштање на Собранието донесена на 18 јануари 2016 година, од партијата на Заев бараат оставките претходно да се констатираат.
Според договорот од Пржино, министрите и дополнителните заменици министри од СДСМ се дел од Владата на Р.Македонија којашто согласно договорот од 2 јуни 2015 и Протоколот кон Договорот од 15 јули 2015 година, е формирана со цел организирање фер и кредибилни избори, откако ќе бидат исполнети сите услови и точки од тој Договор.
Од СДСМ велат дека остануваат гаранти на заложбите за спроведување фер, регуларни и демократски избори во Република Македонија.
Слично
