Економија, финансии, бизнис

Контакт

Тедески дел продаде, го “преживеа“ Агрокор и расте

Тедески дел продаде, го “преживеа“ Агрокор и расте

Атлантик група во првата половина на годината остварила раст на продажбата на повеќето пазари на кои работи и раст на профитабилноста во речиси сите бизнис подрачја.

За шест месеци оваа година, компанијата остварила вкупен приход од продажба во износ од 336,4 милиони евра, што е за два отсто повеќе во однос на првото полугодие минатата година.

Приход без камата, данок и амортизација изнесува 37,8 милиони евра и е поголем за 8,4 отсто, додека нето добивката пораснала за 15,4 отсто, на 20,7 милиони евра.

И покрај намалувањето на пазарниот удел на малопродажните ланци во составот на Агрокор како најголем купувач, Атлантик Група со ширење на соработката со други купувачи остварила вкупен раст на продажбата во првиот дел од годината.

Првите шест месеци ги обележало дезинвестирање на производство на спортска исхрана за трети лица и фокусирање на развој на брендираниот бизнис во овој сегмент.

Фабриките во германскиот Блекеде и во Нова Градишка ги презел стратешкиот партнер, белгиската компанија Аминолабс, за вкупен износ од 27 милиони евра.

Во погонот во Нова Градишка Атлантик го задржа малцинскиот дел, а во двете фабрики компанијата продолжува договорно да произведува асортиман на спортска исхрана во соработка со стратешки партнер, додека директно ќе вложуваат примарно во развој на производи, маркетинг и продажба на бренд Multipower, приближувајќи го до премиум сегментот.

Слично

Поврзани вести