Течат роковите за субвенции за ХАЛАЛ стандарди
Компаниите кои сакаат да воведат ХАЛАЛ стандарди до 30 април можат да аплицираат за субвенции од државата. Највисокиот стандард задолжителен во земјите од муслиманскиот свет досега го вовеле само 11 македонски компании, а кај 4 процедурата е во тек.
Министерот за економија Ваљон Сарачини ги убедува бизнисмените да го имплементираат овој стандард, кој ќе им помогне во освојувањето трети пазари.
„Проектирани се вкупно 3,1 милион денари за целосно воведување ХАЛАЛ во околу 10 компании. Очекувам до 30 април да се пријават барем толку и да добијат средства доколку ги исполнуваат потребните услови“, вели Сарачини, кој денеска имаше состанок со стопанствениците.
ХАЛАЛ производи веќе не се бараат само во муслиманските земји, туку се повеќе и на пазарите во ЕУ, САД и Австралија. Стандардот не се однесува само на прехранбената индустрија, туку и на фармацијата, туризмот, угостителството, козметиката, производството на амбалажа„На почетокот имаше многу голем интерес за воведување ХАЛАЛ, а сега кога Владата обезбедува субвенции за да бидеме поконкурентни и да влеземе на трети пазари, одзивот е многу мал“, истакна Мендерес Кучи од Стопанската комора на Северозападна Македонија.
Во Хрватска, за споредба, 60 компании се со сертифициран ХАЛАЛ, а во БиХ 50.