Економија, финансии, бизнис

Контакт

ТЕЦ Неготино започна со пробна работа

ТЕЦ Неготино започна со пробна работа

Термоелектраната во Неготино денеска започна со пробна работа. „Ладната резерва“ претходно 12 години не беше вклучена.

ТЕЦ Неготино, кој произведува електрична енергија исклучиво од мазут, треба да помогне во надминувањето на енергетската криза, бидејќи има производствен капацитет околу еден блок од РЕК Ботола.

За време на изминатиот викенд започна полнењето на складиштата на мазут во ТЕЦ Неготино со количини за стартување на термоцентралата и континуирано производство на електрична енергија во следниот период.

ТЕЦ Неготино, како државна електрана, има статус на ,,ладна резерва” во електро-енергетскиот систем и од страна на вработените 12 години единствено се одржуваше во состојба на готовност.

ТЕЦ Неготино сега се вклучува во услови на глобална енергетска криза и енормен раст на цената на електричната енергија, поради кои околности производната цена на оваа термоцентрала, која во нормални околности беше висока, сега е пониска од цената на берзите.


Слично

Поврзани вести