Економија, финансии, бизнис

Контакт

ТЕЦ Неготино ќе биде гасна централа или ќе се продава

ТЕЦ Неготино ќе биде гасна централа или ќе се продава

Термоелектраната ТЕЦ Неготино ќе се трансформира како гасна централа преку јавно-приватно партнерство или ќе се продаде, најави премиерот Зоран Заев на денешната прес-конференција. Ова премиерот го најави во рамките на приоритетните проекти од енергетиката за 2021.

- АД ТЕЦ Неготино распиша оглас за изработка на физибилити студија и во првата половина од 2021 година ќе се оцени дали ќе се гради нова гасна електрана на истата локација по моделот на јавно приватно партнерство или ќе се продава. Можната инвестиција е од 200 до 500 милиони евра, рече Заев.

Од преостантото рече дека интерконекторот за гасното поврзување со Грција ќе чини 54 милиони евра, од кои 10 ќе бидат платени од ЕУ како грант, а следната година ќе се заврши магистралниот крак Тетово - Гостивар - Битола, 

- Во 2021 ќе започне втората фаза од тендерската постапка за дистрибуција на гасот по општините, а Штип и Крива Паланка имаат готова документација и се нјаблиску, по Струмица и Куманово, до гасифицирање, изјави Заев.,

Потсети дека огласот за хидропроектот „Кебрен“ заврши пред три дена и дека има 10 заинтересирани компании, од кои доминантно од Европа и една од Кино.

Слично

Поврзани вести