Економија, финансии, бизнис

Контакт

ТЕЦ НЕГОТИНО: 2006та го спремаа за гигант, сега отиде во заборав!

ТЕЦ НЕГОТИНО: 2006та го спремаа за гигант, сега отиде во заборав!

За амбициозенот план на ВМРО-ДПМНЕ, што го најави во 2006 година, дека од ТЕЦ Неготино ќе направи енергетски гигант на Балканот, а Македонија ќе биде земја извозник на струја,  десет години подоцна, може да се констатира дека е далеку од реален. ТЕЦ Неготино ниту е енергетски гигант на Балканот, ниту се користи за македонски потреби, туку и натаму се чува како ладна резрва. Македонија наместо извозник, како што се најавуваше, стана уште повеќе зависна од увоз на струја.

Десет години, во секоја изборна програми ВМРО-ДПМНЕ, вклучувајќи ја и последната програма „Реално“ има исти ветувања дека ТЕЦ Неготино наместо на мазут ќе работи на природен гас. Се разликуват само годините кога тоа би се реализирало.

Во 2006 година за овој проект се проценувало дека ќе бидат потребни 250 милиони евра, а потоа во една од следните програми проценките се зголемиле па се смета дека ќе бидат потребни од 300 до 500 милиони евра.  

Моделите на финанисрање се генерално слични. Во 2006 година се најавува дека ќе се бара коинвеститор, потоа во 2008 година е наведено дека  инвестицијата ќе биде целосно или претежно државна,  во 2011 година посочено е дека државата ќе задржи значајно учество во овој проект, во 2014 година се ветува дека ќе ТЕЦ Неготино ќе оди под концесија,  или јавно приватно партнерство помеѓу ЕЛЕМ и приватен инвеститор или пак како самостојна инвестиција на државата, а во последната програма од  2016 година се највува концесија или јавно – приватно партнерство.

Иако според првата програма овој проект требнаше да биде завршен во 2010 година, во 2014 година како краен рок е наведена 2022 година затоа што е посоено дека за реализациа ќе бидат потребни пет до седум години, но годинава пак во последната изборна програма Реално се ветува дека сега ќе бидат потребни три години и проектот ќе се ерализра во 2020 година.

Програма 2006 година: ТЕЦ Неготино ќе биде енергетски гигант на Балканот.  Македонија ќе извезува струја

Во 2006 година кога ВМРО-ДПМНЕ дојде на власт во својата изборна програма вети декза четири години  ТЕЦ Неготино ќе доживее преродба  и не само што ќе го намали увозот на струја во Македонија, туку земјава ќе почне да извезува електрична енергија. Со тоа централата ќе стане енергетски гигант на Балканот. За да се случи  тоа ВМРО-ДПМНЕ  ветува дека  

ТЕЦ Неготино ќе се модернизира и трансформира, па наместо на мазут ќе работи на природен гас и  ќе се инсталираат нови производни капацитети.

„На тој начин, Македонија од нето-увозник на електрична енергија може да премине во нето-извозник“пишува во изборната програма на ВМРО-ДПМНЕ од 2006-2010 година насловена како „Преродба во 100 чекори

Од ВМРО-ДПМНЕ напишале и дека веднаш по освојувањето на власта, ќе пристапат кон сериозно барање на коинвеститор во овој мошне значаен енергетски капацитет во државата.

„Се оценува дека вредноста на проектот ќе изнесува околу 250 милиони евра, додека краен рок за негова целосна реализација е 2010 година.“се наведува во програмата Преродба во сто чекори.

Програма 2008 година: ТЕЦ Неготино од балкански гигант  станува само македонска перспектива. Го нема ветувањето дека Македонија ќе извезува струја

Две години по доаѓањето на власт на ВМРО-ДПМНЕ следуваат предвремените парламентарни избори. Во новата изборна програма надградена и проширена, ТЕЦ Неготино го губи статусот на енергетски гигант на Балканот, и станува ссе најавува само како енергетска перспектива на Македонија.

Но, очигледно е дека работите не одат според ветеното во 2006 година, па во надградената и проширана изборна програма во 2008 година, ВМРО-ДПМНЕ веќе не ветува дека Македонија од увозно зависна ќе стане извозник на струја. Таквото ветување е избришано од сите идни изборни програми.  

Но, и натаму се ветува модернизација и трансформација на централата, за да може од мазут да почне да работи на природен гас, иако не е наведен рок кога тоа ќе се случи .

„ТЕ Неготино имапредуслови активно да се вклучи во стратегијата на Владата за зголемување на користењето наприродниот гас како погонско гориво, а секако и за позначајно користење на локалните јагленовирезерви во Неготинско“, се наведува во програма на ВМРО-ДПМНЕ 2008-2012 насловена како надградена и проширена „Преродба во 100 чекори“

При тоа се додава дека на овојначин, целосно или претежно со државни инвестиции, ТЕЦ Неготино може да го најде своето вистинско место во електроенергетскиот сектор во земјава и да обезбедидополнителен производен капацитет и доволни количини електрична енергија.

Спротивно на ваквите ветувања испишшани во изборните програми на ВМРО-ДПМНЕ,  увозот на струја се зголемува, се намалува домашното производство,  а граѓаните добиваат и повисоки сметки за струја.

Програма 2011 година: ТЕЦ Неготино ќе работи на природен гас.

Следуваат нови предвремени парламентарни избори во 2011 година,  а ВМРО-ДПМНЕ  е на власт пет години.  И, ако се гледаат ветувањата од 2006 година, ТЕЦ Неготино во 2011 година веќе една година требаше да работи со модернизирана технологија, трансформирана од мазут на природен гас, и да извезува струја. Но, ништо од тоа не се случи. Но, и на овие избори ВМРО-ДПМНЕ  и натаму со старото ветување дека централата ќе биде модернизирана.  

„Ќе ги преземеме и сите активности потребни за пронаоѓање на стратешки партнер за ТЕЦ Неготино и трансформирање на оваа термоцентрала од застарената и скапа технологија на мазут, во нова, модерна и еколошки поприфатлива централа на природен гас. Притоа сериозно ќе ја разгледаме можноста тоа да биде комбинирана електрана, која покрај електрична енергија ќе произведува и топлина за загревање на систем од оранжерии кои ќе бидат изградени во близина на електраната. При реализацијата на овој проект, државата ќе задржи значајно учество во сопственоста на новата гасна централа“, е напишано во изборната програма на ВМРО-ДПМНЕ ОД 2011 -2015 година насловена како Манифест за за реформи и развој.  

Програма 2014 година:  До ТЕЦ Неготино ќе се изгради нова централа

Иако, и по осум години власт ТЕЦ Неготно не дожиивеа никаква прродба како што прично се најавуваше, ниту пак имаше некаква инвестиција, сепак и на изборите во 2014 година ВМРО-ДПМНЕ,  повторно најавува дека ќе се бараат нови можности за развој на ТЕЦ Неготино за централата да стане конкурентна на пазарот на електрична енергија. Но, се најавува и изградба на нова централа веднаш до постоечката за да се зголеми инсталираната моќност.

„Целта ни е овој енергетски капацитет кој долги години се користи како ладна резерва во системот, да биде ставен во функција на производство на нови количини на електрична енергија, со што дополнително ќе биде зголемена енергетската независност на Македонија. Покрај изборот на оптимално техничко решение, ќе се работи и на избор на моделот на финансирање, односно реализацијата на проектот ќе биде понудена како концесија, како јавно приватно партнерство помеѓу ЕЛЕМ и приватен инвеститор или  како самостојна инвестиција на државата, пишува во изборната програма на ВМРО-ДПМНЕ од 2014-2018 година насловена како „ Проверено - проекти што докажано се остваруваат“

Но, очигледно е дека овој слоган на изборната програма не може да се користи за проекто ТЕЦ Неготно, кој иако најавуван како грандиозен во 2006 година, не успеа да се реализра.

Инаку, за оваа инвестиција, иако во 2006 година беа плаирани 250 милиони евра, во 2014 година, се предвидуваат двојно повеќе односно оод 300 до 500 милиони евра, и пповторно има нови рокови, односно крајниот рок за реализација е 2022 година, иако во 2006 година како краен рок за реализција беше наведена 2010 година.

Програма 2016 година: – Повторно се ветува дека ТЕЦ Неготино да работи на природен гас наместо на мазут

„Имајќи ги предвид напорите на Владата за изградба и развој на гасната мрежа и предвидениот крак кон ТЕЦ Неготино, ќе се изработат соодветни студии и анализи за можноста за користење на природниот гас. Во исто време ќе ја разгледаме и можноста за користење на јагленот како погонско гориво. За реализацијата на овој проект ќе се разгледа можноста за давање под концесија или јавно – приватно партнерство, стои вво изборната програма на ВМРО-ДПМНЕ за 2016 -2020 година насловена како „Реално“.

А интересно е дека сега рокот за завршување на овој проект е наведен дека ќе биде во 2020 година, односно за три години, иако на претходините избори се ветува дека истиот проект ќе биде заршен во 2022 година, бидејќи за реаизција се потребни пет до седум години.

Рафајловска и Ставрески во војна

Сепак, веројатно е очигледно дека овој проект е далеку од реален ако се има во предвид дека ветувањата за негова реализација датираат од 2006 година. ТЕЦ Неготино имаше неуспешен обид за продажба, кога министер за економија  беше Вера Рафајловска од НСДП, а министер за финансии Зоран Ставрески.  Рафајловска одби да стави потпис на продажбата затоа што договорот што требаше да го потпише го сметаше за штетен за државата,  по што таа си замина од функцијата, но ниту Ставрески не стави потпис, иако претходно на тоа инсистираше.

Наташа Стојановска

Слично

Поврзани вести