Тажно: До темел изгоре една од најстарите цркви во беровско Владимирово
Пожар утрово околу 10 часот ја зафати и до темел ја изгоре една од најстарите цркви Св Спас во беровското село Владимирово.
Се претпоставува дека пожарот тргнал од свеќите кај олтарот, пишува телевизија стар.
Брзото гаснење на пламените јазли не им помогнале на жителите на Владимирово да ја спасат црквата.
Оваа црква има големо значење за жителите на ова беровско село, а најмногу жалат и велат дека штетата е ненадоместлива за старите икони кои ги имало во оваа црква.
Болката по духовниот храм не можеше да ја сокрие ниту дедо Никола, кој 52 години беше клисар во оваа црква, пишува телевизија стар.
Допрва ќе бидат истражувани причините за овој тажен настан.
Слично
