Економија, финансии, бизнис

Контакт

ТАЖЕН ДЕН ЗА НОВИНАРСТВОТО: Згаснуваат два медиуми!

ТАЖЕН ДЕН ЗА НОВИНАРСТВОТО: Згаснуваат два медиуми!

Денеска е последниот ден на весниците Утрински и Вест. Згаснува една децениска новинска куќа која беше вистинско богатство на македонското медиумско небо.

Сагата на весниците трае веќе неколку години а последните месеци кризата се продлабочи, немаше плати, почнаа штрајкови.

Според досегашните информации весниците „Утрински“ и „Вест“ ќе станат веб-портали со по неколку вработени, а останатите ќе останат без работа. 

Неодамна новинарите штрајкуваа поради неисплатени плати. Тие бараа средба со сопственикот Срѓан Керим, но средба немаше. 

Во меѓувреме, отворена е нова фирма, со слично име, Медиа Принт ДООЕЛ, кој објави огласи за вработувања на новинари и уредници. 

Новинарите добија поддршка од Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници на Македонија и од Европската федерација на новинари, чиј генерален секретар, Рикардо Гутиерез, присуствуваше на собирот.

Слично

Поврзани вести