Економија, финансии, бизнис

Контакт

ТАВ Македонија: Откажани два лета во Скопје

ТАВ Македонија: Откажани два лета во Скопје

ТАВ Македонија потврди дека поради густата магла претпладнето биле откажани се два лета на скопскиот аеродром.

“Од 8 часот наутро до 11:30 часот два лета беа откажани на Меѓународниот Аеродром Скопје, како резултат на ниската видливост поради густата магла“, 

Операторот на аеродромот очекува подобрување на временските услови после 12 часот напладне.

„За евентуални промени во редовниот распоред на летови ги упатуваме патниците да ја следат нашата веб-страница www.skp.airports.com.mk каде што сите промени со летовите се ажурираат во реално време, како што ги добиваме во нашите системи.

За итни информации, патниците можат да се јават на Шалтерот за информации на телефонскиот број: +389 2 3148 333”, дополнува ТАВ Македонија.


Слично

Поврзани вести