Економија, финансии, бизнис

Контакт

ТАВ: Ќе има пушачка соба по пасошката контрола на скопскиот аеродром

ТАВ: Ќе има пушачка соба по пасошката контрола на скопскиот аеродром

Ќе има пушачка соба по пасошката контрола на Меѓународниот аеродром Скопје, најавија од Тав Холдинг. Турската компанија која управува со скопскиот и охридскиот аеродром решила да им излезе во пресрет на барањата на оваа група патници. Пушачката зона ќе се прави горе во делот после пасошката контрола, каде од лани има и детско катче.

Од Бодрум, менаџментот на ТАВ најави и други новини и нови инвестиции за аеродромите. Од годинава на целиот аерoдром има повеќе полначи за мобилни телефони. Сани Шенер, главен извршен директор и претседател на Холдингот Тав Аеродроми во едно од најубавите места во Турција денеска со македoнските новинари зборуваше за вкупната инвестиција на Холдингот. Повод е десетгодишнината откако ТАВ управува со македонските аеродроми. 

Шенер откри дека од Македонија ќе побараат концесија за управување со македонските аеродроми за нови 15 години. . 

Ѓ.С.


Слично

Поврзани вести