„ТАТО ИМА ПЛАТА ОД 3.555 ЕВРА, МАМА 2.169, А СИНОТ ДОБИВА СТИПЕНДИЈА“: Проф. Палиќ открива што сè има Милановиќ
Професорот по уставно право на Универзитетот во Осијек, Мато Палиќ, на Фејсбук го
коментираше доделувањето стипендија на синот на претседателот на Хрватска Зоран Милановиќ.
-Помладиот син на Зоран Милановиќ доби градска стипендија за извонредни успеси, која се доделува на одлични студенти кои постигнуваат успеси и во други области. Тој со сребрениот медал во борење го исполни и тој критериум. Шансите немаше да му се намалат ниту со четворките, но по ургирање на мајка му, тие станаа петки, иако претседателот и денеска го оспорува тоа, пишуваат медиумите.
Значи, постојат сите услови, но и сомнеж - дали е етички и морално детето на висок функционер, во случајов претседателот, да аплицира за стипендија и со тоа можеби да истисне некој друг од списокот - обичен студент и дете на обични родители. Особено ако се земат предвид приходите на семејството Милановиќ кои заедно заработуваат околу 5.700 евра месечно, стои во коментарите на новинарите.
И Професорот Мато Палиќ го коментираше ова и на Фејсбук напиша:
„Тато има плата од 3.555,00 евра, а мама 2.169,95 евра (плус месечна претплата од 1.292,53 евра) Имаат и два стана. Едниот е во вредност од 252.836,95 евра, а другиот 159.267,37 (сосопственост со трети лица). Но, имаат и викендица вредна 79.633,69 евра (исто така сопственост со трети лица). Сепак, и покрај се, тоа не е се. Заштедени се околу 132.722,81 евра. И згора на тоа, аплицирате за стипендија и добивате 360 евра месечно. „Да пукне, дај петка, срце мало паметно“., напиша професорот по право.
ФОТО: EPA-EFE/ANTONIO BAT