ТАТКОТО НА СРПСКИОТ МОНСТРУМ: Ова е голем товар што го носиме на грб
По српскиот педофил Нинослав Јовановиќ познат како „Малчанскиот бербер“, се трага веќе две недели, а во меѓувреме изјава за медиумите даде неговиот татко.
Тој вели дека се срами од својот син и не сака да слушне за него.
Рекол дека дваесет и две години затвор не помогнале Нинослав да се поправи.
Таткото одбил новинарите да го фотографираат и да му го објават името.
Човекот рекол дека исчезнувањето на Нинослав го пријавил уште во јули.
„Оттогаш не сум го видел, слушнав дека се вртка наоколу, но не знам ништо повеќе за тоа. Кога слушнав дека ја грабнал Моника, се грижев само за детето. За него не. Ништо што има врска со него не ме интересира. Ова е голем товар што го носиме на грб“, вели таткото на Јовановиќ, пренесе Вечерње новости.
Јовановиќ на 20 декември ја грабна дванаесетгодишната Моника Каримановиќ кога тргнала на училиште.
Моника е најдена по 10 дена, а полицијата сѐ уште трага по киднаперот.
Се пребарува теренот околу српските градови Ниш, Књажевац и Сврлиѓ.
Девојчето раскажа во полиција дека ја тепал, ја терал со часови да оди, се заканувал дека освен него, и неа ќе ја уапсат.
Но, таа не е избрана случајно, туку Јовановиќ извесно време ја демнел пред да ја киднапира.
Експертите веќе во 2005 година утврдија дека Јовановиќ, не бил душевно болен, но имал психопатична структура на личноста. Психологот Зоран Мустеровиќ анализира за „Блиц“ каков е неговиот психолошки профил.
„Врз основа на сè што слушаме за него во јавноста, може да се заклучи дека станува збор за личност која покажува дефект во внатрешната контрола. Ова е вид на самоконтрола кога сме соочени со изборот да кажеме дали сакаме да направиме нешто“ - вели психологот.
Случајот го потресе регионот.
