Таткото на Матеј Периш се заблагодари на српските граѓани затоа што му дале поддршка овие 139 дена
Ненад Периш, таткото на Матеј Периш, момчето чие тело деновиве е најдено во Дунав, се заблагодари на Белград и на сите кои се молеа за неговиот син кој исчезна на Нова година.
Tелото на Матеј Периш (27), денеска, од црквата „Свети Антониј“ во Белград е испратено во хрватскиот град Сплит, каде што ќе биде погребан. Причината за смртта е давење, покажа обдукцијата. Ќе се прави и токсиколошка анализа, но резултатите ќе бидат готови за неколку недели.
„Би сакал да се обратам до вас новинарите, би сакал да му се заблагодарам на градот Белград за големото срце што ми го даде. Без разлика што мојот син тука го заврши својот земен живот, срцето што ми го даде Белград, граѓаните на Белград и цела Србија ми помогна многу за овие 139 дена да почувствувам човечка љубов, грижа, сочувство и сѐ што му треба на човек во вакви моменти“, изјави Ненад Периш.
По момчето српските власти трагаа со месеци. На телото немало траги на насилство.