Економија, финансии, бизнис

Контакт

Таткото на Коста Кецмановиќ доби 30 дена притвор

Таткото на Коста Кецмановиќ доби 30 дена притвор

30 дневен притвор доби Владимир, таткото на Коста Кечмановиќ кој уби осум ученици во училиште и чувар.

Вишиот суд во Белград му одреди 30-дневен притвор, соопшти судот. Како што јави дописникот на МИА од Белград, притворот му е одреден поради „постоење на посебни околности кои укажуваат дека може за краток временски период да го повтори кривичното дело, како и поради тоа што за кривичното дело што му се става на товар е предвидена казна затвор над десет години, а начинот на извршување и тежината на последиците од кривичното дело доведоа до вознемиреност на јавноста која може да го загрози непреченото и правично водење на кривичната постапка“.

Тој на сослушувањето кажал дека не е виновен. 

Таткото е сослушан поради сомнение за сторено кривично дело „тешки дела против општата безбедност“. Се сомнева дека во претходниот период Владимир Кецмановиќ го обучувал својот 13-годишен син да ракува со огнено оружје и муниција така што го однел на стрелиште да вежба гаѓање цели со огнено оружје и покрај тоа што момчето има само 13 години. Постои сомнеж дека таткото постапил спротивно на одредбите од Законот за оружје и муниција и спротивно на Правилникот за просторно-технички услови за безбедно чување на оружјето и муницијата бидејќи не обезбедил услови за безбедно сместување и чување на оружје и муниција за да не можат да дојдат во сопственост на неовластени лица, односно да не ја одвоил посебно во заклучен сеф кој не може лесно да се отвори.

Слично

Поврзани вести