Економија, финансии, бизнис

Контакт

Таткото на град Скопје даде отчет пред граѓаните за сработеното

Таткото на град Скопје даде отчет пред граѓаните за сработеното
Се ближи крајот на оваа 2015 година и полека се сумираат податоците од сработеното во годината која за 6 дена ќе биде зад нас. Коце Трајановски, градоначалникот на град Скопје даде отчет за сработеното за 2015 година и истакна дека Скопје е финансиски стабилен и може без застој да ги реализира планираните проекти . Тој посочи дека во годината која е на самиот крај се реализирани многу проекти во  сите сфери на општественото живеење. Голем кружен тек во Скопје, проширен третиот дел од булеварот Митрополит Теодосиј Гологанов и улицата Јордан Мијалков, обновен  коловозот на дел од булеварот Јане Сандански и на улицата Кемал Сејфула; за да се зголеми безбедноста на пешаците изградивме пешачки натпатник кој ги поврза населбите Хиподром и Инџиково, изградена модерна катна гаража „Тодор Александров“, во центарот на градот, отстранети штетните азбестни покриви на сите средни училишта на Град Скопје и редица други проекти. Трајановски најави продолжение со истото темпо и во следната 2016 година , вети  големи инфраструктурни проекти, со кои ќе се надминат многубројни долгогодишни проблеми и кои ќе го подобрат живеењето на граѓаните.
Слично

Поврзани вести