ТАТКО ВО МИГ ОСТАНА БЕЗ ЦЕЛО СЕМЕЈСТВО: Денеска во Пљевља погребот на тројцата загинати
Гојко Коруга го загуби целото семејство кога автомобилот со
неговата сопруга и двата сина слета во реката во градот Рогами во Црна Гора.
Нуркачите ги извлекле безживотните тела на Немања (19) и Младен (16) од голф 3, пет метри длабоко во надојдената река, додека нивната мајка Александра (43) се појавила во еден момент на површината, но не можела да доплива до брегот. Тие ќе бидат погребани денеска на гробиштата Чепурци во Пљевља.
Како што напиша српски Телеграф, несреќата се случила кога силен порој го однел автомобилот од мостот. Два автомобили се обиделе да го преминат мостот на малата река Широлија, која се наоѓа под Дукља, но возачот на првиот автомобил се откажал од преминувањето бидејќи реката била премногу надојдена и го поплавила мостот.
Но, како што пренесуваат црногорските медиуми, Александра сепак решила да се обиде да помине, а кога стигнала до средината, водата го превртела возилото кое завршило во реката.
Според мештаните, овој мост не е за сообраќај кога водостојот на реката е висок.
ФОТО: ФБ