Економија, финансии, бизнис

Контакт

Татко и син избоделе со нож жител на Делчевско

Татко и син избоделе со нож жител на Делчевско

Татко и син заеднички нападнале жител на селото Трботивиште, Делчевско и неколку пати го прободиле со нож.

Синот заедно со татко му, отишле пред куќата на неговата поранешна сопруга и се расправале. Во кавгата се вклучил и друг човек, кој по кратко бил нападнат со нож.

Синот  го прободил во десната рака, а потоа му нанел уште три убоди во десната нога, додека неговиот татко го удирал со дрвен предмет.

Повредениот е префрлен во делчевската болница, а таткото и синот се приведени од полицијата.

Слично

Поврзани вести