Економија, финансии, бизнис

Контакт

Tасева: Партиите водат кампања кога е забрането рекламирање

Tасева: Партиите водат кампања  кога е забрането рекламирање
Се води кампања во период кога е забрането политичко рекламирање, вели Слаѓана Тасева, претседател на Транспаренси Интернешнл. Во првите два месеци годинава ВМРО -ДПМНЕ и СДСМ потрошиле по 50.000 евра за предизборни активности, иако кампањата  не е почната. Власта најмногу пари потрошила за отворање нови партиски канцеларии, а опозицијата на митинзи и средби со граѓани. Двете партии го злоупотребуваат фактот што Агенцијата за медиуми не ги следи социјалните мрежи и активно се рекламираат на Фејсбук. „Тука треба да реагираат институциите кои се надлежни за ова и да кажат дека неправилно се трошат пари и се води кампања во период кога е забрането политичко рекламирање. Се` додека не се вклучи УЈП да провери дали овие средства, кои граѓаните ги донираат, се легално заработени и легитимни средства, се` до тогаш ќе се соменваме дека на сметките на политичките партии влегуваат „црни“ пари“ - вели Тасева. Таа им забележува на партиите затоа што владините успеси ги претставуваат како партиски, со што практично се рекламираат со народни пари.
Слично

Поврзани вести