Економија, финансии, бизнис

Контакт

Тања Фајон: Засега нема опасност од враќање на визите за македонските граѓани

Тања Фајон: Засега нема опасност од враќање на визите за македонските граѓани
Во моментов нема опасност за враќање на визите за македонските граѓани, вели европратеничката Тања Фајон која беше дел од Парламентарниот семинар во македонското Собрание. Според неа, вистински аргументи за суспензија на визниот режим за земјите од Западен Балкан засега нема, а опасноста ќе се појави ако порасне бројот на азиланти од регионот. Според Фајон, од регионот само во Босна и Херцеговина има голем раст на бројот на азиланти годинава, но затоа, додава европратеничката, во Македонија и Србија има направено повеќе позитивни мерки. „Веќе имаше неколку обиди во минатото визниот режим во неколку земји да биде суспендиран. Којзнае какви ќе бидат властите во Европа. Целата ситуација денес не е поволна кога е во прашање слободата на движењето, не само безвизниот режим туку и шенгенските правила за слобода на движење во Европа.Така што тешко е да се каже во која ситуација е Македонија. Мерките се доволно добри, но од друга страна мораме да бидеме претпазливи кога станува збор за Ромите. Тука треба да бидеме внимателни и да немаме мерки кои се дискриминаторски“, истакна европратеничката која смета дека механизамот за суспензија на визниот режим, е лоша мерка бидејќи со него Европскиот парламент ќе нема демократска контрола на самиот процес. „Комисијата рече дека ова ќе биде само крајна мерка во случај доколку има огромен број азиланти. Но од друга страна знаеме дека во механизмот стои период од седум години. Знаеме дека земјите-членки можат да го разгледуваат и да го коментираат бројот на азиланти седум години наназад. Тешко е да се шпекулира која земја би можела да го искористи“, вели Фајон и уверува дека е важно границите да се задржат отворени наместо, како што вели, да надвладеат оние националистички или популистички сили во Европа кои би барале суспензија.
Слично

Поврзани вести