ТАНЦОТ СО ПУТИН И СЕ ИСПЛАТЕШЕ: Австријка доби примамлива понуда
Поранешната австриска министерка за надворешни работи, која танцуваше со Владимир Путин на нејзината венчавка, доби место во Управниот одбор на рускиот нафтен гигант под контрола на државата Роснефт, објави компанијата.
Карин Кнајсл стана светски позната откако го покани Путин на нејзината венчавка. Слики од нејзиниот танц со рускиот лидер го обиколија светот во август 2018 година, пренесува Гардијан.
Во тоа време, малкумина во Европа се дружеа со Путин поради анексијата на украинскиот полуостров Крим, па тогашната австриска влада доживеа бројни критики од Брисел. Но, очигледно, шефот на Кремлин не ја заборави таа мала услуга за излегување од изолација, па сега тој одлучи да ја награди својата танц партнерка и д аја постави на на врвот на една од најсилните светски компании за нафта.
Да потсетиме, Кнајсл, позната по своите десничарски и антиимиграциски ставови, ја критикуваше германската канцеларка Ангела Меркел за „небрежност“ за време на тогашната мигрантска криза, а потоа ја нападна за нејзините селфија со бегалците од Блискиот исток.
Исто така, предизвика бура на реакции во кои, наводно, ги спореди ционизмот и нацизмот, што предизвика големи полемики. Кнајсл беше новинар, зборува седум јазици - арапски, англиски, француски, шпански, хебрејски, унгарски и италијански и работеше осум години во канцеларијата на поранешниот австриски министер за надворешни работи Алоис Мок.
