Таму има често израз и на насилство кога се бара да се наплати данокот, вели Заев за Арачиново
Премиерот Зоран Заев во денешната Тема на денот во однос на неплаќањето данок на имот во Арачиново, рече дека не е дека воопшто не се наплаќа, но се наплаќа во многу мал процент.
„Таму има често израз и на насилство кога се бара да се наплати данокот и треба да се стави ред. Тое е изворен приход на општината и треба тоа да го направи. Општината никогаш не се развивала вака, како што од 2017-тата се развива, но за жал со државните пари“, вели Заев.
Премиерот вели дека во градските општини многу полесно се наплаќа данокот отколку во руралните.
Општина Центар е локалната самоуправа со најголема сума од наплатен данок на имот 2,3 милиони евра, покажува студијата на Центарот за граѓански комуникации, додека Арачиново е единствената без ниту еден денар од овој начин на финансирање затоа што нема даночно одделение.
