Економија, финансии, бизнис

Контакт

Тамара Вучиќ ќе разговара во Софија за Македонија

Тамара Вучиќ ќе разговара во Софија за Македонија

Новиот министер за надворешни работи на Србија Никола Селаковиќ пристигнува оваа недела во Софија. а во неговата делегација е и првата дама на Србија, Тамара Вучиќ, која работи во Министерството за надворешни работи работи во Белград. 

Тамара Вучиќ е долгогодишен дипломат во Министерството за надворешни работи во Белград. Таа наедно е и прва дама на Србија, сопруга на српскиот претседател Александар Вучиќ, и затоа задолжените за протоколот ќе вложат дополнителни напори за добар прием на гостите од Белград.

По Унгарија и Кипар, Бугарија е третата земја што српскиот министер ќе ја посети откако го превзеде раководството на српската дипломатија во октомври минатата година. Екатерина Захариева, министерката за надворешни работи на Бугарија, и Никола Селаковиќ не се очекува да разговараат само за билатерални прашања, туку и за разни регионални иницијативи и инфраструктурни проекти со поглед на состојбата во регионот на Западен Балкан, а особено во Република Северна Македонија. 

Ваква билатерална посета на српскиот министер за надворешни работи на Бугарија не се случила долго време време и затоа се очекува да се интензивира политичкиот дијалог и меѓусебната доверба помеѓу Софија и Белград, коментираат дипломатите.

Селаковиќ (37) со право може да се нарече модерно лице на српската дипломатијата, бидејќи радикално се разликува во начинот, пристапот и манирите од претходникот Ивица Дачиќ, кој во моментов го предводи српскиот парламент. 

Слично

Поврзани вести