„Тамара“ – циклонот кој ја поплави Србија доби име!
Циклонот „Тамара“ ќе остане запаметен како еден од најдождливите циклони во историјата, откако се вршат метеоролошки мерења во Србија. Србија е под влијание на „Тамара“ од 13 мај.
Статистички шансите оваа земја да ја покоди ваков циклон се проценуваат како многу мали. Досега се случило само помали подрачја да бидат зафатени од толку пороен дожд, но во историјата на метеоролошките мерења во Србија не е забележана ваква појава во толку голема област.
Теоретски, според метеоролозите, на територијата на Србија се возможни и разорни торнада, но досега не се забележани вакви појави. Слабеење на циклонот се очекува од вечерва, но последиците што тој ги остави зад себе се незапаметени.
Слично
