(ВИДЕО) Tалија удри врз Скопје – поплавени улици и подруми во главниот град
Невреме со силен ветер и обилни врнежи од дожд го зафати Скопје денеска предизвикувајќи повторно хаос во сообраќајот, отежнато движење, прекини во снабдувањето со електричната енергија.
Дождот поплави подруми и дворови, а од силниот ветер беа искршени дрвја на повеќе места во градот.
Екипите на Градот Скопје, на јавните претпријатија „Водовод и канализација“, „Паркови и зеленило“, „Комунална хигиена“, „Улици и патишта“ и на Противпожарната бригада веднаш излегоа на терен и ги санираат штетите, информираат од Град Скопје.
Обилните врнежи на дожд ги поплавија подзвозникот кај стоковната куќа „Мост“,на подвозникот на улицата Павел Шатев, во делови од општината Кисела Вода, на подвозникот на булеварот Киро Глигоров. Во моментов екипите на јавните претпријатија интервенираат на овие локации и истите треба да бидат проодни до 19:00 часот.
До Градскиот штаб за заштита и спасување пристигнаа и поголем број на повици за паднати гранки и дрва, пред се во општините Кисела Вода, Аеродром и Гази Баба и екипите на ЈП „Паркови и зеленило“ работат на терен за нивно отстранување.
Градскиот штаб за заштита и спасување во соработка со јавните градски претпријатија ја следат состојбата на терен и ќе интервенираат на сите локации каде што ќе има потреба, соопштуваат градските власти.
Еве една аматерска снимка од невремето во Кисела Вода, која беше поставена на Јутјуб:
http://www.youtube.com/watch?v=m3J7rbdvArE
Слично
