Талија ја зема првата жртва во Словенија, на Балканот вонредна состојба
Циклонот Талија ја однесе првата жртва во Словенија. Едно лице загинало во поплавите предизвикани од поројните дождови, а уште едно се смета за исчезнато.
Во делови од Хрватска и Босна и Херцеговина е прогласена вонредна состојба. Силното невреме кое беснее на Балканот од момент во момент се влошува, особено заради екстремно ризичниот водостој на многу реки.
Талија денеска не ја одмина ниту Македонија. Дожд проследен со грмотевици и силен ветер го зафати подрачјето на Скопје. Поплавени беа повеќе улици, подруми и дворови, а сообраќајот беше речиси целосно парализиран.
Од УХМР јавуваат дека според мерењата 28 литри вода на метар квадратен се паднати на Зајчев Рид во Скопје. Според најавите врнежливото и нестабилно време ќе продолжи до вторник, а наместа се очекува да наврнат и повеќе од 50 литри на метар квадратен.
Слично
