Економија, финансии, бизнис

Контакт

Талески втор ден во куќен притвор, полицијата прави ненајавени посети

Талески втор ден во куќен притвор, полицијата прави ненајавени посети

Битолскиот градоначалник Владимир Талески осомничен во случајот „Транспортер“,  втор ден е во куќен притвор, а полицијата прави ненајавени посети за да провери дали е дома.

Од вчера и формално се спроведува решението на Кривичниот суд за куќен притвор од 30 дена. Талески веќе два дена не оди на работа, а денеска советниците од општина Битола од партијата ВМРО -ДПМНЕ имаа координација и се очекува да се договорат кој ќе го заменува Талески додека е во куќен притвор.

Во меѓувреме, иако уште вчера беше најавено дека предметот за градоначалникот Талески, ќе биде пратен во Апелациониот суд, денеска од Кривичниот суд велат дека предметот сè уште не е комплетиран.

„Се чекаат доставници од битолската полиција за да се доуреди предметот. Потребно е Судот да добие доказ дека обвинетиот го добил решението на Судот и дека и СВР Битола го добил решението“- одговараат од Судот.

Талески и уште 22 лица опфатени во предметот „Транспортер“ и  се осомничени дека го оштетиле Буџетот на Република Македонија за 360.000 евра поради незаконско организирање на училишниот транспорт.

Слично

Поврзани вести